Неколку спасувачки екипи учествуваат во операцијата за расчистување на патиштата од снегот на источниот дел од Монт Еверест во Тибет, каде што речиси 1.000 луѓе беа заробени поради снежната бура. Според кинеските медиуми, снежната бура ги блокирала патеките.

Во акцијата учествуваат и мештани, а висината на која се наоѓаат заробените луѓе на Монт Еверест е поголема од 4.900 метри.

Неколку планинари беа успешно спуштени на безбедно место.

Еден од планинарите кој успеал да избега непосредно пред почетокот на бурата, изјавил дека „снегот паѓал без престан и достигнал повеќе од еден метар“.

Снегот почнал да паѓа во петокот навечер и продолжил вчера цел ден.

Продажбата на билети и влезот во туристичката зона на Монт Еверест биле прекинати од страна на локалната туристичка агенција, која информираше за затворањето на туристичките патеки заради ризикот од понатамошно влошување на временските услови.

Текстот (Фото) 1.000 луѓе заробени на Монт Еверест поради снежна бура е превземен од МАКФАКС.