На форумот на кој учествуваат шефовите на дипломатиите на земјите од регионот, министерот за надворешни работи на Албанија Игли Хасани се судри со претставникот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак. Запрашан од модераторот дали процесот за членство во ЕУ е процес заснован на заслуги, Хасани упати критики велејќи дека „центрипеталните сили кон ЕУ треба да се зголемат“ и дека Албанија ќе продолжи да ги исполнува бараните критериуми и „дека тоа не го прави поради ЕУ, туку поради самата Албанија“.
„Имам тешкотија да разберам дека мојата земја организираше само меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, а исто така и другите го направиле тоа. Толку”, рече Игли Хасани, министер за надворешни работи на Албанија.
Хасани се осврна на првата конференција Албанија-ЕУ во 2022 година за отворање на преговорите. На ова реагираше Лајчак, кој е специјален претставник за Западен Балкан и емисар за дијалогот Косово-Србија.
„Чувствувам обврска да одговорам на прашањето што го постави министерот Хасани. Мислам дека овој процес е апсолутно заснован на заслуги. Има многу политика и геополитика во подготвителната фаза, одлуката за доделување кандидатски статус, поканата за отворање преговори за членство, но штом си во процес на членство треба да ги исполниш критериумите, нема краток пат“, нагласи Мирослав Лајчак, претставник на ЕУ за дијалог.
На ова констатација веднаш реагираше и шефот на албанската дипломатија.
„Никогаш не кажав кратки патеки, со сета почит, вие сте за дијалогот Белград-Приштина. Ќе бидеме среќни ако имаш некакви резултати, ќе поддржиме, ќе продолжиме да поддржуваме како што направивме…но држи се до дијалогот“, додаде Игли Хасани, министер за надворешни работи на Албанија.
Од друга страна, американскиот професор Данеил Сервер го критикуваше Лајчак, велејќи дека тој не успеал затоа што партиите не го спроведуваат бриселскиот основен договор и Охридскиот анекс и како такви се неефикасни.
„На Косово и Србија е да го спроведат договорот. Србија јасно писмено го отфрли спроведувањето на бриселскиот договор. Не можам да направам ништо за да ја принудам Србија да го прифати. Мислам дека е сосема јасно дека ни треба ресетирање во дијалогот, би сакал да видам ресетирање на попрактични прашања наместо политичка нормализација. Постои мост. Мирослав Лајчајк го познава Балканот како и секој дипломат кој служел овде, подобро од 99 проценти би рекол. Но, тој не успеа. Постојат овие два договора, тоа се договори кои Србија ги демантираше и ова е неуспех“, рече Даниел Сервер, професор.
Тој бара ЕУ да ги отстрани казнените мерки против Косово, притоа нагласувајќи ја потребата одговорните за минатогодишниот терористички напад во Бањско и Звечан што поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата./Алсат.мк
Шкелзен Аќифи