Урсула фон дер Лајен денеска во својот годишен говор пред Европскиот парламент ги бранеше резултатите што ги постигна на чело на Европската комисија, велејќи дека работела на промовирање и ќе продолжи да брани чесна транзиција кон зелена енергија, силна геополитичка унија и фер конкуренција со светот, објавија британските медиуми.
Фон дер Лајен, која се очекува да се кандидира за втор мандат следната година како шеф на извршната власт на ЕУ, рече дека таа и нејзиниот тим исполниле повеќе од 90 отсто од ветувањата што ги дала кога го презеде раководството на Европската комисија во 2019 година.
-Погледнете каде е Европа денес. Сведоци сме на раѓање на геополитички сојуз, поддршка на Украина, спротивставување на руската агресија, одговор на агресивноста на Кина и инвестирање во партнерства, нагласи фон дер Лајен.
Таа додаде дека „сега имаме европски зелен договор кој е централен за нашата економија и неспоредлив во неговата амбиција“.