Американскиот атлетичар Грант Фишер испиша историја на „Millrose Games“ во САД.

Фишер го собори светскиот рекорд во трката на 3.000 метри во сала со време од 7:22.91.
Со тој подвиг го собори рекордот на Ламеча Гирма од Етиопија (7:23.81).

Второпласираниот Кол Кукер истрча неверојатни 7:23.14, исто така побрзо од претходниот рекорд.

Третото место му припадна на Џими Гресие од Франција со 7:30.18, поставувајќи нов национален рекорд.

Каи Робинсон го собори австралискиот рекорд со време од 7:30.38.

Текстот Фишер го урна светскиот рекорд на 3.000 метри во сала е превземен од МАКФАКС.