Врховниот суд на Европската унија (ЕУ) пресуди дека некои правила на ФИФА за трансфери на играчи се во спротивност со законодавството на ЕУ.
Одлуката доаѓа откако поранешниот француски репрезентативец Ласана Диара правно ги оспори правилата на ФИФА по спорот со клубот кој датира од пред десет години.
Диара тврдише дека поради ограничувањата на ФИФА тој не можел да најде нов клуб откако неговиот договор со Локомотив Москва беше раскинат во 2014 година.
Правилата на ФИФА велат дека ако играчот го раскине договорот без „праведна причина“, играчот и секој клуб што сака да го потпише се заеднички одговорни за плаќање на отштета на претходниот клуб.
„Тие правила го попречуваат слободното движење на играчите и конкуренцијата меѓу клубовите. Правилата за кои станува збор се такви што го попречуваат слободното движење на професионалните фудбалери“, се вели во соопштението на судот.
Судот додаде дека сегашните правила „наметнуваат значителни правни ризици, непредвидливи и потенцијално многу високи финансиски ризици, како и големи спортски ризици за играчите и клубовите што сакаат да ги вработат и кои ги попречуваат меѓународните трансфери на играчи“.
Диара потпиша четиригодишен договор со Локомотив, кој беше раскинат една година подоцна, откако Диара не беше задоволен од намалувањето на платата.
Локомотива бараше отштета од ФИФА, а Диара поднесе противтужба, барајќи компензација за неисплатените плати.
Судот за спортска арбитража во Лозана, пресуди дека клубот го раскинал договорот со Дијара „со оправдана причина“ и на играчот му беше наложено да плати 10,5 милиони евра.
Диара тврдеше дека неговата потрага по нов клуб била попречена со правилата на ФИФА кои предвидуваат дека неговиот нов клуб ќе биде заеднички одговорен за плаќање на отштета на Локомотив.
Текстот ФИФА загуби на суд, се подготвува ли револуција во трансферите? е превземен од МАКФАКС.