Финскиот парламент најверојатно денеска ќе гласа за барањето за приклучување на земјава во НАТО, што ќе биде историска промена на финската одбранбена политика предизвикана од руската инвазија на Украина, пренесуваат тамошните медиуми.
Финската извршна власт, претседателот Саул Нинисто и владата одлучија дека Финска ќе испрати барање за да се му се приклучи на Северноатлантскиот сојуз под услов тоа да го прифати и законодавната власт, односно парламентот.
Парламентарната расправа одржана во понеделникот траела 14 часа, а зборувале 212 застапници и поголемиот дел од нив изразиле позитивен став.
Десет парламентарни работни тела, вклучувајќи ги и одбoрите за надворешна политика, веќе ја прифатиле оваа идеја.
Гласањето се очекува да се случи во текот на попладневните часови и се очекува дека барањето за влез во НАТО ќе биде убедливо прифатено.