Еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин реагираше на извештаите дека Финска и Шведска се на чекор од членството во НАТО и го предупреди Западот дека неговата зголемена воена поддршка за Украина ризикува да предизвика конфликт меѓу Русија и воената Алијанса, пишува skynews.

Advertisements

Дмитриј Медведев, поранешниот претседател кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, рече дека таквиот конфликт со НАТО секогаш носи ризик да се претвори во целосна нуклеарна војна.

„Земјите на НАТО кои продолжуваат да испраќаат оружје во Украина, обучуваат војници да користат западна опрема, испраќаат платеници и тренираат во близина на нашите граници, ја зголемуваат можноста за директен и отворен конфликт меѓу НАТО и Русија“, рече тој во објавата на Телеграм.

„Таков конфликт секогаш има ризик да се претвори во целосна нуклеарна војна. Ова ќе биде катастрофално сценарио за сите“.

Прикажи повеќе