Фејсбук и Инстаграм во иднина ќе ги отстрануваат објавите на корисниците кои нудат пристап до апчиња за абортус. Официјално, причината е кршењето на правилата за фармацевтски производи.
Откако американскиот Врховен суд го укина правото на абортус, корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат објави во кои се нудат пилули за абортус и испраќање по пошта на луѓе кои веќе немаат пристап до нив или наскоро ќе бидат оневозможени. Но, објавите набрзо беа отстранети, а тоа го покажала и тест-објавата на некои западни медиуми, која била отстранета за една минута.
Продажбата, подарувањето и преносот на оружје и марихуана се исто така забранети, со истите правила на „Мета“. Сепак, во тестот на „Верџ“, на пр., со намерна објава поврзана со испраќање марихуана по пошта, таа не била отстренета.