Компанијата Фејсбук, или по ново Мета вели дека го гради и дека до крајот на 2022 година ќе го изгради најбрзиот некогаш виден „суперкомпјутер со вештачка интелигенција“, а со кој ќе биде управуван контроверзниот Метаверзум во кој сите ќе имаме аватари, пишува Работ.
„Мета го разви она што ние веруваме дека е најбрзиот суперкомпјутер со вештачка интелигенција во светот. Ние го нарекуваме RSC за AI Research SuperCluster и ќе биде завршен подоцна оваа година – изјави Марк Закерберг, првиот човек на Мета и еден од десетмината најбогати луѓе во светот.
Што е разликата меѓу обичен и суперкомпјутер со вештачка интелигенција?
Мета сака да ги претрка своите ривалите Мајкрософт и Н-видија кои веќе најавија свои „суперкомпјутери со вештачка интелигенција“. И овие се различни суперкомпјутери од оние кои ги гледавме до сега. Разликата е во тоа што тие ќе можат „машински да учат“ од своите грешки и успеси, но и да го тренираат „машинското учење“. Во виртуреалноста, во таа проширена реалност која нè чека софтверот ќе треба навистина подробно да нè научи, а за тоа да го прави, ќе треба сам да учи од искуството.
Истовремена анализа на трилиони податоци
„RSC ќе им помогне на истражувачите за вештачка интелигенција на Мета да изградат нови и подобри модели на вештачка интелигенција кои можат да учат од трилиони примери; работа на стотици различни јазици, беспрекорно анализирање текст, слики и видеа и тоа во исто време, развивање на нови алатки за проширена реалност; и многу повеќе“, пишуваат инженерите на Мета, Кевин Ли и Шубхо Сенгупта во блог пост во кој ги наведуваат новостите.
Автоматски превод, без луѓе-преведувачи
„Се надеваме дека RSC ќе ни помогне да изградиме целосно нови системи за вештачка интелигенција кои можат, на пример, да напојуваат гласовни преводи во реално време за големи групи луѓе, секој да зборува на различен јазик, за да можат беспрекорно да соработуваат на истражувачки проект или да играат AR игра заедно“.
6.080 графички карти учат самите од себе
Работата на RSC започна пред година и половина, при што инженерите на Мета ги дизајнираа различните системи на машината – ладење, напојување, вмрежување и кабли – целосно од нула. Првата фаза на RSC е веќе отворена и работи и се состои од 760 Nvidia GGX A100 системи кои содржат 6.080 поврзани графички процесори. Само и такви можат да го издржат ова „машинско учење“ и доучување.
16.000 процесори или еден егзабајт
Од Мета велат дека веќе обезбедува до 20 пати подобрени перформанси на своите стандардни задачи за истражување на машинската визија. Негде пред крајот на оваа 2022 година, втората фаза од RSC ќе биде завршена. Во тој момент, компјутерот ќе содржи околу 16.000 вкупни графички процесори и ќе може да тренира системи со вештачка интелигенција „со повеќе од трилион параметри на збирки податоци големи колку еден егзабајт“.
За споредба, суперкомпјутерот со вештачка интелигенција на Мајкрософт изграден со истражувачката лабораторија OpenAI е изграден од 10.000 графички процесори.