Екипата на Ферари го претстави својот болид за новата сезона во Формула 1. Секако дека тој допрва ќе треба да биде преставен на патеката “Каталуња“, и тоа следниот викенд.
Болидот е наречен Ф1-75. Италијанскиот тим и во новата сезона ќе го претставуваат Чарлс Леклер и Карлос Саинз, а дел од тимот ќе биде Мик Шумахер, синот на легендата на Ферари, Мајкл Шумахер кој ќе започне како тест возач.
Ферари со оваа промоција речиси сите ги изненади, посебно ако се знае дека “големите“ тимови до последен момент чекаат за да го претстават болидот за сезоната што претстои.