Комисија од американски здравствени советници со тесно мнозинство даде поддршка за „молунпиравир“, лек на „Мерк“ за лекување ковид-19, отворајќи го патот за регулаторите да ја одобрат првата таблета за лекување на Американците со коронавирус во домашни услови.

Advertisements

Комисијата на Агенцијата за храна и лекови (ФДА) гласаше во сооднос 13:10 за тоа дека придобивките од земањето на лекот ги надминуваат ризиците, вклучително и потенцијалната штета за фетус ако лекот се зема за време на бременоста.

Препораката е објавена по неколкучасовна дебата за умерените придобивки од овој лек и потенцијалните проблеми поврзани со неговата безбедност.

Експертите што го поддржаа лекот нагласуваат дека не треба да го земаат бремени жени и ја повикаа ФДА да препорача дополнителни мерки на претпазливост пред да го препише лекот, што вклучува и тестирање за бременост.

Комисијата особено ја поддржа администрацијата на лекот кај возрасни со поблаги форми на ковид 19, кои се изложени на зголемен ризик.

Прикажи повеќе