И селекторот на репрезентацијата на Фарските острови, Хакан Ериксон, најави дека за мечот со Македонија ќе направи неколку промени за разлика од составот со кој истрча на мечот со Молдавија. Според тамошните медиуми, Ериксон ќе направи дури шест замени во тимот кој го одигра мечот со Молдавците.

Advertisements

„Ќе направиме мали тактички промени, бидејќи Македонија е посилен тим со кој ќе се сретнеме утре. Не сакам да зборувам за тоа кои играчи ќе бидат вметнати или оставени на клупа“, изјавил Ериксон.

Тамошните медиуми најавуваат старт со само еден напаѓач, што значи дека ќе биде засилена дефанзивата./Sportmedia.mk/

Foto: Sportmedia.mk

Прикажи повеќе