Актуелните НБА шампиони, кошаркарите на Милвоки, забележаа домашна победа над Орландо со 117-108, предводени од незапирливиот Јанис Антетокумпо, кој постигна 32 поени, додавајќи и 20 скокови.

Грчкиот кошаркар со нигериско потекло стана само вториот кошаркар во историјата на НБА лигата по Вили Наулс во 1959 година, со ефект од 30 поени, 20 скокови и пет асистенции за помалку од 35 минути игра.

Антетокумпо мина на паркетот против Орландо 30 минути и во својот ефект додаде и три блокади и две „украдени“ топли.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:

Индијана – Њу Орлеанс 111-94

Вашингтон – Мајами 103-100

Њујорк – Хјустон 106-99

Аталанта – Шарлот 115-105

Бостон – Оклахома 111-105

Милвоки – Орландо 117-108

Минесота – Мемфис 138-95

Портланд – Филаделфија 118-111

Сакраменто – Јута 105-123.