Фабио Квартараро е нов светски шампион во Мото ГП. Мотоциклистот на Јамаха математички ја обезбеди титулата на две трки до крајот. Тој воедно испиша и историја, бидејќи стана првиот француски шампион.
Квартараро денеска возеше фантастично на трката за Големата награда на Емилија Ромања во на патеката во Мизано и од 15-тото стартно место финишираше како четврти, што беше доволно да биде недостижен во генералниот пласман.
Неговиот најголем ривал Франческо Бањаја водеше во најголем дел од трката, но на пет круга до крајот излета од патеката.
На денешната трка триумфираше Марк Маркез, пред Пол Еспаргаро, додека трет беше Енеа Бастијанини.Квартараро на врвот во генералниот пласман сега има 267 бодови, 65 повеќе од Бањаја.
Последните две трки во сезоната се возат во Португалија на Алгарве и во Шпанија во Валенсија.