Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и официјално е светски шампион во Формула 1 за 2021. Холанѓанецот успеа да победи во последната трка против Луис Хамилтон во Абу Даби, претекнувајќи го во последниот круг. По трката, тимот на „Мерцедес“ поднесе жалба дека наводно титулата му припаѓа на Хамилтон и дека Верстапен на патеката ги прекршил правилата. Но, првата жалба за претекнувањето зад безбедносното возило веднаш беше одбиена од „ФИА“, која му даде право на холандскиот пилот. Исто така ни втората жалба не беше прифатена, па Верстапен стана шампион за 2021 година. Мерцедес одлучи ова прашање да го испрати пред Меѓународниот суд и да го укине последниот круг, со што автоматски титулата би му припаднала на Хамилтон.