Утре, во 10 часот: Мирен протестен марш по повод двегодишнината од целосната руска инвазија проти Украина

Здружението на Украинците во С. Македонија „Лесја Украинка“ ќе одржи мирен протестен марш по повод двегодишнината од почетокот на целосната руска воена агресија против Украина.

Настанот ќе започне на Алеја „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), а потоа ќе продолжи пред амбасада на руската федерација.

Здружението упати покана до сите граѓанки и граѓани кои ја поддржуваат борбата на Украина за слобода, да ѝ се придружат на оваа манифестација.

ДЦМ