Имотот на Лиам Пејн е назначен. Шерил, мајката на осумгодишниот Бер, син на покојниот член на One Direction, ќе управува со неговиот имот.
Според судските документи до кои дојде списанието „Пипл“, во тоа ќе биде заедно со адвокатот Ричард Марк Бреј, откако Пејн почина без тестамент. Според извештајот, вредноста на средствата на Пејн во Обединетото Кралство, по одбивањето на долговите и трошоците, е околу 32,2 милиони американски долари.
Сепак, според судските документи во кои увид имал Би-би-си, Шерил и Бреј засега имаат само ограничени овластувања да управуваат со парите додека не се издаде општ сертификат за наследување.
Во меѓувреме, на Шерил и адвокатот не им е дозволено да распределуваат ниту еден дел од имотот.
Пејн почина во октомври, на 31-годишна возраст, откако падна од балкон на третиот кат од хотел во Аргентина.
Текстот Утврдено е кој ќе управува со наследството на починатиот Лијам Пејн е превземен од МАКФАКС.