Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека утре ќе патува во Вашингтон заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Таа изјави дека самиот Зеленски ја повикал да му се придружи на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп. Додаде дека неколку европски лидери ќе ѝ се придружат во Вашингтон, но не прецизираше кои се тие. „Политико“ претходно објави дека еден од нив ќе биде финскиот претседател Александар Стаб, а можеби и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Зеленски ќе се сретне со фон дер Лајен во Брисел во текот на денот, а потоа заедно ќе отпатуваат за САД.

Текстот Урсула фон дер Лајен: Одам со Зеленски во Вашингтон е превземен од МАКФАКС.