Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека два милиони деца ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија.
Уште дополнителни 2,5 милиони деца се внатрешно раселени во земјата, што значи дека 60 отсто од децата во Украина се принудени да ги напуштат своите домови, соопшти УНИЦЕФ.
Претходно, УНХЦР објави дека повеќе од четири милиони луѓе во Украина ја напуштиле земјата од почетокот на војната.
Од нив најмногу – над два милиони се во Полска, по што следуваат Романија со 600 илјади, Унгарија, Молдавија и Русија со по 300 000…