Полицијата во Обреновац од синоќа бара „Пунто“ кое еден маж го украл од бензинска пумпа, забрзал и избегал, објави „Телеграф.рс“.
Во моментот на кражбата, во автомобилот имало 12-годишно девојче.
Како што дознава Телеграф.рс, 26-годишна девојка дошла со „пунтото“ на нејзиниот татко на бензинската пумпа во Обреновац. Во еден момент, таа отишла да плати за бензин и ги оставила внуката и клучевите од автомобилот во возилото. Непознат маж го искористил невниманието на девојката, влегол во автомобилот и избегал. Малото девојче кое било во возилото успеало да скокне од него.
Како што дознава Телеграф, детето не било повредено. За случајот беше информирано и обвинителството.
Полицијата се обидува да го идентификува крадецот врз основа на снимка.
Текстот Украл автомобил со мало девојче внатре: драма на бензинска пумпа во Србија е превземен од МАКФАКС.