Киев изврши ноќен напад со беспилотни летала на руската област Брјанск, која граничи со Украина, при што единиците за противвоздушна одбрана уништија 26 украински беспилотни летала, изјави утринава гувернерот на руската област.

„Единиците за противвоздушна одбрана продолжуваат да работат на заштита на нашиот регион“, напиша гувернерот Александар Богомаз на апликацијата Телеграм.

Руската пратеничка Марија Бутина рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден, дозволувајќи и на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија, ризикува да избие Трета светска војна.

„Администрацијата на Бајден се обидува да ја ескалира ситуацијата до максимум додека тие се уште имаат моќ и додека се уште се на власт“, ​​изјави Бутина за Ројтерс.

Се надевам дека (Доналд) Трамп ќе ја смени одлуката бидејќи сериозно го ризикуваат почетокот на Третата светска војна, што не е во ничиј интерес.

Ројтерс, цитирајќи двајца американски функционери и извор запознаен со одлуката, во неделата објави дека администрацијата на Бајден ги укинала ограничувањата што претходно ја спречуваа Украина да користи американско оружје за да напаѓа длабоко на руска територија.

Текстот Украинците ја нападнаа Русија со дронови; Руски пратеник: Бајден ризикува Трета светска војна е превземен од МАКФАКС.