Поморските сили на вооружените сили на Украина го уништиле рускиот воен брод, миноловецот „Ковровец“, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, пренесува Укринформ.
Во текот на изминатиот ден, воздухопловните сили, ракетните сили и артилеријата на одбранбените сили погодија 21 област на концентрација на руски воен персонал, една радарска станица и два непријателски противвоздушни ракетни системи.
Севкупно, во текот на изминатиот ден, борбените загуби на руските агресори, неповратни и санитарни, изнесуваа околу 1.210 луѓе. Непријателот загуби и 16 тенкови, 35 оклопни борбени возила, 48 артилериски системи, три повеќекратни ракетни системи за лансирање, два системи за противвоздушна одбрана, 47 оперативни и тактички беспилотни летала, еден проектил, 82 возила и две парчиња специјална опрема.
Како што беше соопштено претходно, експлозии се слушнале во привремено окупираните Севастопол, Евпатори, Џанкој, Армијанск и во северната периферија на Симферопол. Беа забележани три удари на една локација, на еден од бродовите во областа на Инженерскиот залив во Севастопол.
Беспилотни летала на украинската служба за државна безбедност СБУ ноќта меѓу 18 и 19 мај ги нападнаа воздухопловната база Кушчовска и нафтената рафинерија Славјанск во руската област Краснодар. Ова за Укринформ го соопштија добро упатени извори од органите на редот во Украина.
„Синоќа победата на боксерот Олександар Усик ја прослави не само цела Украина, туку и воениот аеродром Кушчовскаја и нафтената рафинерија Славјанск во руската област Краснодар“, изјави изворот.
Според изворот, СБУ извршиле напад со беспилотни летала на аеродромот заедно со Силите за беспилотни системи.
Соговорникот истакна дека на аеродромот во моментот на нападот имало десетици различни авиони, вклучувајќи Су-34, Су-25, Су-27 и МиГ-29.
Дополнително, раководството на нафтената рафинерија Славјанск изјави дека по неколку силни експлозии фабриката престанала со работа и сега го проценуваат степенот на штетата.
Ова е веќе втор напад со беспилотни летала на СБУ врз воздухопловната база Кушчовска и нафтената рафинерија Славјанск во изминатите три недели. Претходно, неколку авиони беа погодени на аеродромот, а во рафинеријата за нафта, беспилотните летала ги погодија колоните за фракционирање и атмосферска дестилација.
Драган Мишев