Шефот на украинската регионална воена администрација соопшти дека руските сили утрово ја гаѓале цивилната инфраструктура во југоисточниот град Запорожје за првпат од почетокот на инвазијата.
Во пораката објавена на Телеграм, Олександр Старук напиша дека железничката станица и јавниот парк во градот биле погодени од руски проектили.
„Утрото не беше добро… Ракетите паднаа во реонот на железничката станица Запорожје-2. Според прелиминарните податоци, нема загинати. Втората ракета падна во областа на ботаничката градина“, објави Старук, истакнувајќи дека нападите се случиле кога луѓето од опколениот град Мариупол пристигнале во Запорожје.
Тој рече дека регионалните власти веќе „преселиле повеќе од 3 000 луѓе, вклучително и 772 деца“ од пристанишниот град.