Европската унија на радиодифузери (ЕБУ) објави дека, по анализата и спроведувањето физибилити студија, Украина не може да биде домаќин на „Песна на Евровизија“ следната година.
ЕБУ наведува дека украинскиот јавен сервис не може да обезбеди „безбедносни и оперативни гаранции“ за натпреварот. Од Сојузот на радиодифузери додаваат дека во моментов со Би-Би-Си разговараат за „потенцијалниот водител“ на натпреварот следната година.
Украинскиот „Калуш оркестар“ годинава триумфираше во Торино, а следниот натпревар традиционално треба да се одржи во земјата од која е победник.
Доколку Велика Британија, чија песна го освои второто место во Торино, биде домаќин на натпреварот во 2023 година, тоа ќе биде рекорден деветти пат натпреварувањето да се одржи во оваа земја.
The @EBU_HQ has issued the statement below regarding the hosting of next year’s #Eurovision Song Contest.
Find it online here ➡️ https://t.co/mAxSdReBj3 pic.twitter.com/JYqy58eHqV
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) June 17, 2022