Властите во Киев соопштија дека првите севернокорејски војници во областа Курск биле погодени од украински оган.
Првите севернокорејски војници кои беа распоредени во пограничниот регион Курск за да и помогнат на руската армија влегоа во борба со украинските вооружени сили, објави шефот на одделот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Коваленко на Телеграм, пренесува Unian.
„Првите членови на севернокорејската армија веќе се на удар во областа Курск“, рече Коваленко, испуштајќи ги деталите за нападот.
Текстот Украина го изврши првиот напад врз севернокорејските војници во областа Курск е превземен од МАКФАКС.