Украина доби втор систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ од Германија за да помогне во одбивањето на зголемените руски ракетни и беспилотни напади врз Киев и други градови, јави ДПА.
Испорачани се и ракети „Патриот“ како и девет повеќенаменски возила „Бандвагн“, 7.390 артилериски гранати со калибар 155, три мобилни единици за деминирање и осум танкери.
Германија одигра важна улога во обезбедувањето гаранции дека Украина е подобро заштитена од руски воздушни напади.
Украина итно бара од Берлин крстосувачки ракети Таурус, што можат да се употребат за уништување руски цели далеку зад фронтот.
Канцеларот Олаф Шолц засега одбива да ги достави.