Украински дипломати во Брисел подготвија документ со барања до ЕУ и нејзините членки за итно да обезбедат воздушна одбрана и системи за противракетна одбрана, како и да ги искористат „сите средства“ за попречување на сателитските сигнали на Русија.
Во документот се бара укинување на софтверските дозволи за воена и цивилна опрема за Русија и за Белорусија, блокирање или мешање во навигациските сателитски системи во воздух преку Црното Море и Азовското Море, да се искористат сите средства за блокада на рускиот сателитски навигациски систем „Глонас“, вклучувајќи и попречување на сигналот преку воздушниот простор на Црното Море, Азовското Море, Белорусија и Украина.
Киев, исто така, сака ЕУ да воспостави систем за доставување на итна помош (механизам за заштита на цивили) за Украинците.