УЕФА, денеска или утре ќе треба да одлучи дали ќе има казна за Шкупи за инцидентите кои се случуваа пред мечот со Левски во четвртокот во Скопје.
Делегатот Жан-Пол Миевис во извештајот ги опишал сите инциденти на стадионот, а според бугарските медиуми, обвиненијата кон Шкупи како домаќин и организатор се доста тешки и речиси со сигурност клубот ќе добие забрана за присуство на публика барем на следните два меча.
Санкциите ќе бидат објавени вечерва или утре претпладне. Казна треба да има и за Левски, чии фанови правеа неред, особено кај влезовите на стадионот, а и потоа од трибините фрлаа предмети.
Реваншот се игра в четврток во Софија, а Бугарската фудбалска федерација испрати писмо до УЕФА, во кое пишува дека е опасно да доаѓаат навивачи на Шкупи во Софија, па чаирчани нема да имаат поддршка од трибините./SPortmanija.mk/