Ракометните репрезентации на Италија и Франција со убедливи победи го отворија 29. Светско првенство.

Италија на најдобар можен начин по 20 години се врати на СП. Во Б групата, Италија го победи Тунис со 32:25. Кај Италијанците најдобар беше Пратнер, кој имаше двоцифрен учинок (10), додека Булзамини и Менгон постигнаа по четири гола.

Во редовите на туниската репрезентација најефикасен беше Бен Абдалах со шест гола, а Мараф постигна четири гола.

Во вториот меч од оваа група вечерва бранителот на трофејот Данска ќе игра против Алжир.

Французите, во рамките на Ц групата го декласираа Катар на чија клупа седи Веселин Вујовиќ. Франција забележа победа 37:19.

Франција го започна првото натпреварување без Никола Карабатиќ, кој се повлече по Олимпијадата, каде триколорите доживеаја дебакл на домашен терен.

Тибо Бриер беше најефикасен во победата на Франција со седум гола, додека Дика Мем мечот го заврши со четири гола.

Кај Катар, Карол беше најрасположен четири гола.

Текстот Убедлив триумф на Италија над Тунис, Франција го растури Катар е превземен од МАКФАКС.