Амал Клуни вчера наполни 47 години, но времето изгледа нема влијание врз неа. Елегантно, негувано и секогаш беспрекорно стилизирано, познатата адвокатка за човекови права изгледа исто толку зачудувачки како и во своите дваесетти. Тајната на нејзиниот младешки изглед се крие во внимателно одбраните производи за нега на лице и коса, како и во дисциплината кога се во прашање навиките за исхрана и начин на живот.
Нејзината сјајна коса, која стана нејзин заштитен знак, е благодарение на производите за нега како спреј, кои ја елиминираат влажноста и додаваат интензивен сјај. Негата на лицето вклучува хидратантни креми со ниацинамид, додека усните се истакнуваат со класичен мат кармин во меки, природни тонови.
Но, покрај козметичките производи, Амал посебно внимание посветува на исхраната, редовниот сон и хидратацијата, а во напорниот распоред ја вклопува и физичката активност. И покрај напорната кариера и личните предизвици, нејзината насмевка останува незаменлив дел од нејзиниот шарм.
Сепак, иако нејзиниот изглед го издржува тестот на времето, се чини дека нејзиниот брак со Џорџ Клуни минува низ сериозна криза. Веќе некое време кружат гласини дека славната двојка живее одвоени животи, а извори блиски до Клуни тврдат дека главната причина е преоптовареноста со работните обврски.
Џорџ, познат по својот воен пристап кон филмската индустрија, неуморно режира, продуцира и глуми во последните години, додека Амал континуирано е посветена на својата работа во областа на човековите права. Иако се надеваа дека заедничкиот живот во Њујорк ќе им помогне на нивната врска, се чини дека и таа промена не го донесе посакуваниот баланс.
Следните шест месеци Клуни ќе ги помине во Њујорк, каде што дебитира на Бродвеј во претставата „Добра ноќ и среќно“, додека Амал ќе остане во Франција со нивните седумгодишни близнаци. Оваа разделба врши дополнителен притисок врз нивниот десетгодишен брак, а извори блиски до двојката велат дека претходните подолги разделби само ја влошиле ситуацијата.
„Амал отсекогаш давала до знаење дека нејзината кариера нема да биде во сенка на Џорџ, а тоа му беше јасно уште од самиот почеток“, тврди извор.
Кога не го разделуваат работните обврски, семејството поминува време во нивната луксузна вила на езерото Комо, но и тогаш Џорџ често работи од импровизирано студио во куќата, оставајќи малку простор за време заедно.
Дали парот ќе успее да ги надмине овие предизвици или сето тоа ќе заврши со развод, останува да видиме. Дотогаш, Амал продолжува да го плени светот со својот безвременски стил и интелект, додека нејзиниот брак со холивудски заводник минува низ можеби најголемата криза досега.
Текстот Убавицата го прослави роденденот среде гласините за развод: се поверојатно е Џорџ Клуни и Амал да се разделат е превземен од МАКФАКС.