Четири лица од Скопје се уапсени, биле фатени веднаш откако украле бронзена биста од гробиштата во Бутел.
Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот на Градските гробишта Бутел, полициски службеници ги уапсиле О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.
Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Уапсени четири лица, украле биста од Градските гробишта во Бутел е превземен од МАКФАКС.