Грчката полиција полека ги апси и хрватските хулигани кои се во бегство, а според информациите такви има преку 50. Пет од нив се обиделе со борд да побегнат од Грција во Италија и планот бил од таму да се вратат во својата земја. Но, не успеале.
„ЕРТ“ објавува детали за случајот. Петте Хрвати се претставиле како туристи за време на контролата. Но, со оглед на тоа дека во Грција биле само два дена и немале куфери со нив, немале ниту основни работи за хигиена, ни облека, станале сомнителни на полицијата на која брзо ѝ станaло јасно дека не се работи за туристи.
Биле уапсени и однесени во Атина кај останатите соборци од Динамо Загреб кои веќе се зад решетки.