Грчката полиција уапси тројца Албанци од група од петмина осуденици кои во понеделникот наутро побегнаа од полициска станица во Ханија на Крит.
Пронајдените бегалци се лоцирани доцна синоќа во Ираклион, од каде нешто по полноќ биле префрлени во затворот во Ханија, а по останатите двајца се уште се трага, јавува грчкиот портал „Катимерини“.
Полицијата им влегла во трага на тројцата бегалци откако го лоцирала украденото возило што го користеле бегалците.
При контрола на полициските органи пронајдени се еден нож и помала количина хашиш и хероин.
Уапсени се 43-годишен Албанец кој бил член на групата вооружени разбојници „Атика“, 29-годишен Албанец осуден за трговија со дрога и 32-годишен Албанец осуден за разбојништво.