Двајцата главни организатори на протестите на канадските камионџии, на таканаречениот „Конвој на слободата“, Тамара Лич и Крис Барбер, се уапсени во Отава, пренесува Танјуг.
Канадската влада поради „Конвојот на слободата“ воведе вонредна состојба, првпат во историјата.
Отава претставува претставуваше последна дестинација за „Конвојот на слободата“ по повеќенеделни демонстрации и блокади кои ги затворија граничните премини кон САД.
„Конвојот на слободата“ ѝ нанесе на државата голем економски удар и создаде политичка криза за канадскиот премиер Џастин Трудо.
Овие протести инспирираа слични конвои во Франција, Нов Зеланд и Холандија.
„Крајно време е овие нелегални и опасни активности да престанат“, изјави премиерот Трудо во парламентот.
Премиерот додаде и дека тие се закана за економијата и закана за јавниот ред и мир.