Вчера во 18:20 на патот Тетово-Гостивар, пред наплатна станица Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Ј.С.(36) од село Грчец, скопско. При сообраќајна контрола констатирано е дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички со брзина од 151 километри на час, надвор од населено место, на место каде со сообраќаен знак максимална брзина на движење е ограничена на 80 километри на час.

Исто така вчера, во 16:45 часот, на патот Тетово-Гостивар, во близина на Дебрешки надвозник, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Х.Б.(63) од село Камењане, тетовско. При сообраќајна контрола констатирано е дека управувал патничко моторно возило „џип“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 160 километри на час, надвор од населено место, на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена со 80 километри на час.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Уапсени две лица од Тетовско и од Гостиварско: возеле со многу поголема брзина од дозволеното е превземен од МАКФАКС.