Полицијата уапси двајца возачи во Неготино и Кавадарци затоа што управувале возила под дејство на алкохол.

Вчера во 21.40 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници го лишија од слобода М.М.(65) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал М.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.81 промили алкохол во крвта.

Доцна синоќа, пак, на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Т.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Т.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.95 промили алкохол во крвта.

По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Уапсени возачи во Неготино и Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол е превземен од МАКФАКС.