Холандската полиција ја уапсила климатската активистка Грета Тунберг на денешните протести одржани во Хаг, објавија медиумите.
Локалната полиција ја стави Тунберг во автобус заедно со другите демонстранти кои се обидоа да го блокираат главниот автопат кон Хаг.
De arrestaties zijn begonnen. Hoe vaak dat ook gebeurt, we blijven terugkomen. Onze eis is redelijk en rechtvaardig: stop per direct met alle fossiele subsidies. #StopFossieleSubsidies #Klimaatrechtvaardigheid pic.twitter.com/eC6j7bu37D
— Extinction Rebellion Nederland (@NLRebellion) April 6, 2024
Таа се приклучи на протестот на стотици активисти, а беше приведена во моментот кога се придружи на група од околу стотина луѓе кои се обидоа да го блокираат автопатот А12.
Во изминатите неколку месеци, активисти десетици пати се обидоа да го блокираат истиот автопат, барајќи укинување на сите субвенции за користење на фосилни горива.
На претходните протести полицијата ги одведе приведените демонстранти во друг дел од градот, но набрзо беа ослободени без дополнителни последици.
Локалната полиција не беше достапна за коментар околу денешното апсење на Грета Тунберг.
Г. Т.