Денеска околу 08:30 часот во с.Арачиново, по преземени оперативно – тактички мерки, полициски службеници го лишиле од слобода А. Б.(40) од Скопје.

Лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 став 1 и казна затвор од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Идризово за издржување на казната.

Текстот Уапсен маж од Арачиново: бил баран за издржување казна затвор од четири години е превземен од МАКФАКС.