Вчера во 05.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.З. (45) од Куманово.
Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, а исто така се сомничи дека извршил и уште две кражби од приватни имоти.
А.З. e приведен во полициска станица, каде ги признал делата и по целосно документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Текстот Уапсен крадец во Куманово: признал дека крадел од приватни имоти е превземен од МАКФАКС.