Мажот кој Скарлет Јохансон го обвини дека ја демнел е уапсен поради закани со бомба.

Мајкл Бранхам, кој беше уапсен од њујоршката полиција во средата, наводно се заканил дека ќе активира бомба поставена во студиото на шоуто „Сатрдеј најт лајв“, каде со години работи Колин Џост, кој е во брак со Јохансон од 2020 година.

Ен-Би-Си објави дека Бранхам на сослушувањето се изјаснил за невин за лажното пријавување на инцидентот и заканата со бомба.

Јохансон во ноември 2023 година побара забрана за приближување против Мајкл Бранхам во Калифорнија. Актерката во документите навела дека Бранхам ја демнел од август 2022 година.

Судот минатата година го одби нејзиното барање. Покрај тоа, се тврди дека мажот споделил неколку објави за Скарлет Јохансон на социјалните мрежи во текот на изминатиот месец. Меѓу нив наводно има и селфи на кое е прикажана тетоважа со срце на која е испишано името на актерката.

Текстот Уапсен е мажот кој ја прогонуваше Скарлет Јохансон е превземен од МАКФАКС.