Денеска во 00.40 часот на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода 43-годишниот И.И. од село Косевица, општина Македонска Каменица.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,06 промили алкохол во организмот.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Текстот Уапсен возач во Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол е превземен од МАКФАКС.