Вчера во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 47-годишниот И.Л. од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес пронашле и одзеле бела тврда материја и две дигитални ваги.
И.Л. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Уапсен велешанец, при претрес пронајдена дрога е превземен од МАКФАКС.