Вчера во 13.55 часот на улицата „Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 21-годишниот И.Г. од Штип.

При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници констатирале дека И.Г. управувал патничко возило „пасат“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 102 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Текстот Уапсен 21-годишник од Штип: возел со брзина од 102 км на час на место каде што е дозволено 50 км на час е превземен од МАКФАКС.