Тренерот на Челзи, Томас Тухел, одговори на прашањето дали лондонскиот тим ќе може да конкурира за титулата во Премиер лигата.
– По коронавирусот и повредите, би било глупаво да се мисли дека Челзи ќе може да се бори за титулата во Премиер лигата. Секој што мисли дека може без 23 здрави играчи е глупав. Имаме седум случаи на коронавирус. Шест играчи се елиминирани шест недели или повеќе. Противниците имаат полн состав, на тренинзите сите работат со полна сила за да ги поминат натпреварите во Премиер лигата, изјави Тухел за „Дејли мејл“.
По 20 кола во Премиер лигата, Челзи има 42 бода и е на второто место во поредокот, осум бода зад водечкиот Манчестер сити.