Томас Тухел, новиот селектор на Англија наскоро ќе го комплетира стручниот штаб.
Во средата германскиот стручњак беше промовиран на селекторската функција. Германецот од 1.јанури ќе ја преземе репрезентацијата, на чие чело ќе биде во наредните 18 месеци.
Неговата цел е успешно да ја заврши кампањата на Светското првенство во 2026 година.
Како што пренесуваат островските медиуми, Тухел во стручниот штаб ќе има луѓе со кои и досега соработувал во Англија.
Негов прв асистент ќе биде Ентони Бери (38) со кого работеше во Челзи, а како што стојат работите, тој е подготвен од „Стенфорд Бриџ“ да земе уште некои луѓе кои многу добро ги познава.
Се верува дека во стручниот штаб на Англија ќе му се придружат тренерот на голманите, Португалецот Иларио, како и аналитичарот Џејмс Мелбурн.
Иларио беше голман на Челзи од 2006 до 2014 година, а од 2016 година е тренер на голманите на „сините“, додека Мелбурн е на „Стемфорд Бриџ“ од 2005 година.
Текстот Тухел носи луѓе од Челзи на клупата на Англија е превземен од МАКФАКС.