Баерн Минхен е на прагот да ја загуби доминацијата во Бундеслигата. Пол – позицијата за шампионскиот трофеј пред последното коло ја има Борусија Дортмунд и со триумф ќе стане нов првак на Германија. Сепак, тоа само дополнително ќе ги мотивира луѓето на „Алијанц арена“ да работат повеќе за следната сезона.
Томас Тухел ќе добие доверба од раководството и ако не ја освои титулата, а тој веќе се изјаснил дека сака две екстра засилувања, едно во средниот ред, како и нов напаѓач. Германскиот стратег го посакува Деклан Рајс од Вест Хем на „Алијанц арена“ и тоа веќе му го соопштил на спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
За Рајс постои огромен интерес и од англиските премиерлигаши, во трката се Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед, но раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го доведе во Бундеслигата. За тоа задоволство ќе треба да издвои околу 120 милиони евра./Makfax