Туск повторно го повика Претставничкиот дом на САД да гласа за помошта за Украина

Полскиот премиер Доналд Туск синоќа повторно го повика претседателот на Претставничкиот дом на САД да го предложи за гласање итно потребниот пакет помош во износ од 60 милијарди долари за Украина, јавија полските медиуми.

Пакетот, кој веќе беше усвоен од Сенатот, останува во Претставничкиот дом, чиј претседател Мајк Џонсон одби да го даде на гласање и покрај очигледната поддршка за законот во Долниот дом на американскиот Конгрес, пренесува МИА.

Џонсон, претставник на Републиканската партија, инсистира дека нема да биде „притиснат“ да го одобри пакетот странска помош од 95,3 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, од кои 60 милијарди долари се планирани за Кијив.