Турскиот парламент гласаше да и дозволи на Шведска да се приклучи на НАТО, ставајќи ја оваа нордиска земја чекор поблиску до влезот во Алијансата, олеснувајќи го дипломатскиот ќор-сокак што ги замати односите на Турција со САД и ги попречи напорите на Западот да ја изолира Русија поради нејзината војна во Украина.
Одлуката на турскиот парламент ќе ја направи Унгарија единствена членка на НАТО која не го одобрила пристапувањето на Шведска, лишувајќи ја Алијансата од едногласноста потребна за додавање членка., пренесува Њу Јорк Тајмс. Усвојувањето на законот е голем момент за Алијансата, отворајќи го патот за проширување на нејзиното одвраќање на заканите од Русија.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во изјава рече дека ја поздравува веста од Турција. Но, додаде и дека, „исто така сметам на Унгарија да ја заврши својата национална ратификација што е можно поскоро“.
Подготви: Д. Мишев