Екипата Тулуз приреди сензација во финалето на Купот на Франција и со убедливата победа од 5-1 (4-0) против Нант го освои трофејот од ова натпреварување. Покрај големата победа и лудото славје Тулуз стана првиот тим кој постигнал четири гола во првото полувреме во едно финале во францускиот Куп, по Лил против Бордо на крајот на мај 1955 година.
Логан Коста уште во четвртата минута ја започна голеадата во финалето, а потоа шест минути подоцна одново се најде во центарот на вниманието и погоди за 2-0. Далинга во 23. минута зголеми на 3-0, а истиот фудблаер во 31. минута стрелаше за огромни 4-0 за Тулуз.
Логан Коста ги постигна своите први два гола за Тулуз во сите натпреварувања, во неговиот единаесетти натпревар за клубот. Во 21 век никој не постигна два гола толку брзо во финалето на Купот на Франција како овој напаѓач. Во вториот дел темпото на игра спласна, но головите не изостануваа. Во 75. минута Блас намали на 4-1, но Тулуз веднаш возврати и Абукзал стрелаше за финални 5-1.
Со овој трофеј Тулуз следната сезона ќе ја претставува Франција во Лига Европа.