За него со години кружат бизарни приказни
Миленик е на публиката, заработува милиони, но со години се зборува дека зад маската на голем заводник се крие темна страна.
Постојат различни приказни поврзани со животот на Том Круз, а некои од нив се прилично бизарни… а се започнало со неговиот прв брак.
Имено, тој се оженил со Мими Роџерс, а се верува дека таа прво го запознала со сектата и го убедила да стане член на Скиентолошката црква.
Скиентолошката црква ги избира неговите партнери, а секој брак завршува кога жената ќе наполни 33 години.
На интернет кружи теоријата дека необичен број владее со животните одлуки на хероите од „Невозможна мисија“, а не било потребно детално истражување за да се дојде до оваа теза. Имено, се чини дека покрај тоа што е посветена на скиентологијата, сопругата на Том Круз мора да има одреден број години и да помине одреден тест.
Имено, Том се развел од секоја своја сопруга кога таа наполнила 33 години.
Многумина тврдат дека морал да го направи тоа поради Скиентолошката црква. Имено, тие веруваат дека секој од нив се нашол на своевиден тест кој имал одреден рок. Бидејќи ниту една од неговите жени не ги исполнувала критериумите на оваа црква, бракот морал да биде прекинат.
Според Њујорк Дејли Њуз, 33 е значителен број во скиентологијата и е познат како „Господар учител“, симболизирајќи го алтруизмот.
Откако во 2012 година се разведе од актерката Кејти Холмс, во јавноста не претстави ниту еден емотивен партнер, а сите информации за него се на ниво на шпекулации. За развод никогаш не се зборувало во јавноста.
Не сака ни да слушне за својата ќерка
Сури Круз, која сега има 16 години, немала никаков контакт со својот славен татко цели 10 години.
Се вели дека ѕвездата од „Топ Гана“ и „Невозможни мисии“ го нема видено своето единствено биолошко дете од 2013 година. Наводно, му бил забранет секој контакт со неа бидејќи не е член на Скиентолошката црква, што неофицијално било причина за неговата разделба со Холмс.
Од друга страна, се вели дека е многу близок со децата кои ги посвоил во бракот со Никол Кидман, бидејќи и тие се следбеници на споменатата секта. Австралиската „оскаровка“ повторно нема контакт со Изабел и Конор бидејќи и го свртеле грбот поради скиентологијата.